| четврток, 6 декември 2018 |

Путин бара хуманитарен коридор во Источна Украина

putin1

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика проруските сили во источниот дел на Украина да обезбедат хуманитарен коридор, со цел украинскиет војници под нивна опсада да можат да се евакуираат, соопшти Кремљ.

–  Ги повикувам милициите да отворат хуманитарен коридор за владините украински војници под опсада, со цел да се избегнат непотребни жртви и да им се овозможи да го напуштат регионот и да се вратат на своите семејства, се наведува во соопштението на претседателот на Русија.

Путин, исто така, повика да се обезбеди итна медицинска помош за сите повредени што учествувале во борбите.

Рускиот претседател, исто така, нагласи дека Русија ќе продолжи да обезбедува хуманитарна помош за цивилите во Источна Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top