Претставници на компании од регионот Испарта, Република Турција, денеска во Скопје ќе имаат билатерални средби со македонски бизнисмени.
Средбите се во рамки на деловниот форум што го организираат Стопанската комора на Македонија и Регионалната индустриска комора на Испарта.
Регионот Испарта е познат по производство на руди и мермер, репроматеријали за градежништво (цемент), рози и суровини – екстракти од рози за повеќе индустриски намени, овошје и зеленчук, особено јаболка и цреши, хемиски материјали и текстил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.