Стејт департментот ја обвини Русија за активна вмешаност во конфликтот во источна Украина како поддршка на проруските сили и истакна дека смета на голем број на можни одговори, вклучувајќи го и воведувањето на построги санкции против Москва.
–Јасно е дека Русија не само што го зголеми своето присуство во источниот дел на Украина и директно интервенираше со воени сили, оклопни возила, артилерија и ракетни системи, земја-воздух, туку е активно вклучена во конфликтот со украинскиот сили и дава директна поддршка на сепаратистичките (проруски) полномошници и платеници – рече портпаролот на Стејт департментот Џен Псаки.
Како одговор Псаки најави дека САД има голем број на алатки на располагање, дека зајакнувањето на санкции кон Русија се „најефикасен и најдобриот начин“. Таа наведе и дека САД препознале „модел на ескалацијата на агресија“ на Русија во Украина и дека Вашингтон и многу други европски земји обезбедиле поддршка на Киев, кои не вклучуваат (фатално) оружје.
-Ние веруваме дека военото решение не е соодветен пристап, така што го користиме секое средство кое можеме за да се види дали е можно да се постигне решение преку дипломатски канали- додаде Псаки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.