Откако општина Велес ги продаде сите парцели во индустриската зона Караслари на пет домашни и една странска компанија , локалната самоуправа бара нови површини за отворање мали производствени погони.
Со измена во деталниот урбанистички план, просторот на кој се наоѓа фабриката за шински возила ќе обезбеди парцели за капацитети со лесна и незагадувачка индустрија. Измената на планот опфаќа територија од над 40 хектари.
Интересот за отворање нови производствени погони во Велес е зголемен по влезот на германски Маркард.
– Целта беше да повлечеме инвеститори, а потоа еден по еден ќе почнат да доаѓаат. зависи од периодот и од генералната политика, а за сега ни одат во прилог- посочува градоначалникот на Велес Славчо Чадиев.
Според плановите на општинските власти, идната година Велес ќе ја добие и најголемата индустриска зона. Ќе се протега на површина од 50-тина хектари покрај патот Велес – Штип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


