Македонија ќе го надминува пласманот на грозје со производство на сушено грозје. Федерацијата на фармери иницира проект со кој ќе се испитуваат можностите за тој тип производство.
-Мислам дека ќе имаме и ќе има позитивни импликации како за лозаропроизводството, лозарите, фирмите, приватниот сектор, така и за Република Македонија со што ќе се надмине еден горчлив проблем околу обезбедувањето на пласманот на грозјето- вели Никола Стаменов, претседател на ФФРМ.
Во проектот се користат искуствата на турскиот земјоделски специјализиран инститит за грозје од Текердаг.
-Имаме нови сорти грозје со кои ќе експериментираме во делот на производството за суво грозје. Како институција сакаме да ги споделиме со федерацијата и со земјоделците во Македонија во делот од нашите искуства, нашата технологија и сите информации и податоци- посочува Мехмет Ѓулџу од институтот Текердаг.
Во септември претставници од институтот ќе посетат дел од лозовите насади во Македонија. При тоа ќе се сретнат и со претставинци на компаниите кои се занимаваат со производство на грозје и вино, но и со индивидуални лозаропроизводители за да им бидат презентирани искуствата и резултатите добиени од повеќегодишните истражувања поврзани со производството на суво грозје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кардиолозите препорачуваат: Напијте се вино, помалку стрес за вас!
-
Кој пее зло не мисли: Чаша вино и пеење – навики што ќе ви помогнат да доживеете 100-ка
-
Исповед: Да го знаев ова мојот син денеска ќе беше жив, во еден момент јадеше грозје, во другиот се случи трагедија (видео)
-
Македонското вино замена за француското


