| четврток, 6 декември 2018 |

Кој пие, а кој плаќа во ИВЗ?

nenad mircevski2

Ненад Мирчевски

Уште пред по­ве­ќе од че­ти­ри го­ди­ни пог­ла­ва­рот на ИВЗ приз­на де­ка не­кои вер­ски хра­мо­ви се под кон­тро­ла на ис­лам­ски ра­ди­кал­ни стру­кту­ри. Од при­чи­ни што му се поз­на­ти са­мо не­му, ја пов­ле­че из­ја­ва­та уште след­ни­от ден об­ви­ну­вај­ќи го но­ви­на­рот де­ка го из­мис­лил раз­го­во­рот, но, за сре­ќа, ин­фор­ма­ци­ја­та бе­ше об­ја­ве­на од ре­но­ми­ран бри­тан­ски вес­ник, па та­ка ве­ста не за­гу­би од сво­ја­та те­жи­на, ту­ку, на­про­тив, ин­сти­ту­ци­ја­та ИВЗ за­гу­би мно­гу од сво­јот кре­ди­би­ли­тет.

Од то­гаш до де­нес пр­ви­от чо­век на ис­лам­ска­та за­ед­ни­ца до­пол­ни­тел­но си го на­ру­ши уг­ле­дот во јав­но­ста, пред сѐ кај сво­и­те вер­ни­ци, со не­кол­ку скан­да­лоз­ни из­ја­ви во кои ши­ре­ше ме­ѓу­ет­нич­ка омра­за и ги про­во­ци­ра­ше дру­ги­те вер­ски за­ед­ни­ци. Су­леј­ман Ре­џе­пи де­но­ви­ве по­втор­но се ја­ви, со но­во приз­на­ние де­ка ин­сти­ту­ци­ја­та со ко­ја ра­ко­во­ди не­ма кон­тро­ла над две џа­мии во Скоп­је, ме­ѓу кои е и Ја­ја-па­ша, вер­ски­от храм во кој се со­би­ра­ат нај­го­лем број вер­ни­ци и од ка­де што се ор­га­ни­зи­ра­ат си­те на­сил­ни про­те­сти со нај­раз­лич­ни по­во­ди. И овој пат Ре­џе­пи бе­ше не­до­вол­но ја­сен што са­ка да ка­же. Тој са­мо по­врш­но ја нач­на те­ма­та, без да раз­јас­ни мно­гу не­јас­но­тии: Кои се тие што му ги пре­зе­ле џа­ми­и­те? Да­ли во од­мет­на­ти­те вер­ски об­је­кти се про­по­ве­да ра­ди­ка­лен ис­лам? Зо­што не со­ра­бо­ту­ва со др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции за да се рас­чи­сти проб­ле­мот? Зо­што мол­че­ше си­те овие го­ди­ни? Што го на­те­ра се­га по­втор­но да про­го­во­ри на оваа те­ма? Сѐ уште ли че­ка да се ре­шат ра­бо­ти­те „са­ми од се­бе“ ка­ко што се на­де­ва­ше то­гаш? Да­ли за ре­и­зот е до­вол­но тоа што не­кој ги оста­ва да „вле­гу­ва­ат во хра­мо­ви­те што би тре­ба­ло да се под нив­на кон­тро­ла“?

На­ме­сто отво­ре­но да збо­ру­ва, тој со го­ди­ни се оби­ду­ва да го ми­ни­ми­зи­ра проб­ле­мот со што овоз­мо­жи ве­ха­би­сти­те да ја за­јак­нат сво­ја­та мре­жа. Се­га пак, на­ви­дум за­гри­жен за проб­ле­мот, пог­ла­ва­рот мно­гу на­ив­но се оби­де да ја пре­фр­ли од­го­вор­но­ста за си­ту­а­ци­ја­та врз МВР.

Ни­кој по­до­бро не ја знае со­стој­ба­та во вер­ски­те об­је­кти и ме­ѓу вер­ни­ци­те од не­го и од има­ми­те што слу­жат во нив. Та­ка што, ако искре­но са­кал да се ре­ши проб­ле­мот, не тре­бал да че­ка тол­ку го­ди­ни. Не е ни­ка­ква тај­на де­ка ра­ди­кал­ни­те ис­ла­ми­сти не го при­фа­ќа­ат на­чи­нот на кој тра­ди­ци­о­нал­ни­те вер­ни­ци го ин­тер­пре­ти­ра­ат ис­ла­мот. По­ра­ди тоа ги за­зе­ма­ат хра­мо­ви­те и на си­ла им ги на­мет­ну­ва­ат сво­и­те тол­ку­ва­ња на Ку­ра­нот на вер­ни­ци­те. Не е тај­на и де­ка овие гру­пи не­ма­ат проб­лем со па­ри­те, и де­ка ве­ли­ко­душ­но ги де­лат на си­те што до­бро­вол­но ќе при­фа­тат да им се прик­лу­чат. По­у­па­те­ни­те во проб­ле­ма­ти­ка­та зна­ат де­ка ин­тен­ци­ја­та на ра­ди­кал­ни­те стру­кту­ри не е са­мо да ги „осво­јат“ џа­ми­и­те, ту­ку и да се ин­фил­три­ра­ат во си­те дру­ги др­жав­ни ин­сти­ту­ции, во по­ли­ти­ка­та и на си­те стра­те­ги­ски ме­ста од ка­де што по­лес­но ќе ја спро­ве­ду­ва­ат нив­на­та крај­на цел. Ако на пр­ви­от чо­век на ИВЗ му зна­чи кре­ди­би­ли­те­тот на ин­сти­ту­ци­ја­та што ја прет­ста­ву­ва и на вер­ни­ци­те што ги по­се­ту­ва­ат нив­ни­те хра­мо­ви, мо­ра јас­но и нед­вос­мис­ле­но да се ди­стан­ци­ра од ра­ди­кал­ни­те гру­пи. Тој е дол­жен да ги за­шти­ти мус­ли­ма­ни­те што го приз­на­ва­ат са­мо тра­ди­ци­о­нал­ни­от ис­лам од при­ти­со­ци­те и уце­ни­те на овие на­сил­ни­ци, да ги пре­не­су­ва по­ра­ки­те на не­го­ви­от Бог, а не на тие што до­бро пла­ќа­ат за да мол­чи. За­тоа, на­ме­сто да се крие зад бес­мис­ле­ни и не­јас­ни из­ја­ви, тој це­лос­но и искре­но мо­ра да со­ра­бо­ту­ва со др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции за, ко­неч­но, во оваа вер­ска уста­но­ва да се ста­ви ред и да се знае кој пие, а кој пла­ќа.

Во спро­тив­но, Ре­џе­пи ќе би­де по­дед­на­кво од­го­во­рен ка­ко и ра­ди­кал­ни­те фа­на­ти­ци за си­те пос­ле­ди­ци што ќе про­из­ле­зат во оп­штес­тво­то од нив­но­то дејс­тву­ва­ње.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top