Потребите од домашно свежо месо можеме да ги обезбедиме само ако имаме добиточна храна, а на домашните полиња може да се произведе доволно пченка. Според ресорниот министер Михаил Цветков, со засадување на нови 7 илјади хектари кои ќе бидат наводнувани со помош на системот капка по капка фармерите ќе соберат рекордни 17 тони од хектар. Според министерството, тоа е доволно да се надомести увозот од 62 илјади тони. Земјоделците вклучени во овој проект ќе добијат и бесплатна опрема. Министерот Цветков надополни дека Министерството подржува проекти со кои земјоделците, директно и преку сопствено искуство ги согледуваат финансиските и еколошките ефекти од напредната технологија. преку програмата на УСАИД тече поддршка на земјоделците кои на полињата со пченка инсталираат систем капка по капка за наводнување со што приносот се зголемува за четири до пет пати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


