| четврток, 6 декември 2018 |

Вековна традиција за собир во „Св. Богородица – Балаклија“

SvВековната традиција за одржување црковно-народни собири во Малешевијата годинава достигна рекорд по бројот на посетители.

Од Црковниот одбор при манастирската црква „Св. Богородица – Балаклија“ во Берово информираат дека за заедничкиот ручек сточарите од Малешевијата подариле 101 грло овци и јагниња. Од нив се подготвени околу 20.000 илјади оброци во над стотина казани. Во подготовката на манастирскиот ручек доброволно учествуваат 200 жени и четириесетина мажи и заедно со нив десетина професионални  месари.

Утрово се одржа света божествена лутургија посветена на света Богородица на која присуствуваа неколку стотици верници од Берово и нивни гости од земјава и странство.

– Овој голем празник претставува славење на воскресението на мајката Божја кое е и најголем пример на вистински живот што треба верниците во Христа да го следат. Убаво е на едно место да се соберат роднини и пријатели и да му се радуваат и да го слават животот со заеднички ручек,  а тоа овде се случува секоја година со векови, изјави јеромонах Фоти, игумен на манастирот „Успение на Пресвета Богородица’ во Берово.

Покрај собирот денеска во Берово се случуваат и повеќе културно-забавни манифестации, како што се фестивалот „Етноплоштад“, изложбата на уметнички ракотворби, како и дегустацијата на еколошки здрава храна произведена од вредните земјоделци и сточари во Малешевијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top