| четврток, 6 декември 2018 |

Порошенко: Состојбата е исклучително тешка

porosenkoУкраинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека ситуацијата во зоната на судирите во источниот дел на Украина „е исклучително тешка, но е под контрола“.  Зборувајќи по претрпените загуби на украинската војска и преземањето на пограничниот град Новоазовск во Доњецката област од страна на проруските сили, Порошенко на вонредната седница на Националниот совет за безбедност и одбрана истакна дека руски војници пристигнале да ги „спасат бунтовниците по претходните воени успеси на Киев“.

Порошенко одлучи да ја откаже посетата на Турција поради „драстичното влошување на ситуацијата во регионот на Доњецк, бидејќи руски војници всушност влегле во Украина“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top