| четврток, 6 декември 2018 |

15 загинати цивили во напад врз Доњецк

donjeckПри артилериски напад извршен врз украинскиот град Доњецк, кој е контролиран од проруските сепаратисти, денеска загинаа 15 цивили, соопштија локалните власти, кои ја оценуваат ситуацијата како „премногу тензична“.

При нападот е уништена инфраструктурата во градот, како и многу станбени згради.

Доњецк веќе две недели се наоѓа под жестоки напади од страна на украинската армија, која се обидува да ги протера проруските сили.

Најмалку 11 луѓе беа убиени во вчерашниот напад врз овој град извршен од украинските безбедносни сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top