
Русија мора да ги запре своите тенкови да влегуваат во Украина, изјави денеска британскиот премиер Дејвид Камерон, предупредувајќи ја Москва дека ќе биде соочена со нови санкции доколку не се најде политичко решение за кризата.
– Едноставно не е доволно да се ангажирате во преговорите во Минск додека руски тенкови продолжуваат да ја преминуваат границата и влегуваат во Украина. Таквите активности мораат веднаш да прекинат – наведува Камерон во соопштение.
Тој ја повика Русија да најде друг пат и политичко решение за кризата, во спротивно нема сомнеж дека ќе има натамошни последици.
– Два конвоја руски воени возила влегоа од Русија на територијата на Украина, во стратешкиот пограничен град Новоазовск, во областа Доњецк – истакна денеска портпаролот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, полковник Андриј Лисенко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


