| четврток, 6 декември 2018 |

НАТО: Над 1.000 руски војници дејствуваат во Украина

руски

НАТО верува дека повеќе од 1.000 руски војници дејствуваат во Украина, изјави денеска во Монс еден офицер на Алијансата.
– Наша проценка е дека над 1.000 руски војници сега дејствуваат во Украина. Тие ги поддржуваат сепаратистите и се борат заедно со нив – истакна офицерот на НАТО.
Киев денеска ја обвини Русија дека распоредува воени трупи во југоисточниот дел на Украина како поддршка на сепаратистичките бунтовници. Украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана соопшти дека руски војници и проруски сепаратисти ја преземале контролата врз Новоазовск, стратешки град на патот кој води од Русија кон полуостровот Крим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top