| четврток, 6 декември 2018 |

Гасоводна дипломатија: Како Украина ја почна новата американско-руска енергетска војна

Се­га, ко­га си­те очи се впе­ре­ни во Укра­и­на и во мож­но­ста за из­би­ва­ње вој­на од по­го­ле­ми раз­ме­ри, дојде вре­ме да се раз­бе­ре за што ста­ну­ва збор.

Ви­стин­ски­те при­чи­ни за еден конф­ликт че­сто се за­ко­па­ни под нас­ло­ви­те и праз­ни­те збо­ро­ви та­ка што не тре­ба да се из­не­на­ди­ме ако, всушност, на­фта­та и при­род­ни­от гас се глав­на­та при­чи­на за вме­ша­ност на САД во ру­ско-укра­ин­ски­от конф­ликт.

Ако са­ка­те да сфа­ти­те ка­де ге­о­по­ли­ти­ка­та се вме­шу­ва во укра­ин­ска­та вој­на, тре­ба да доз­на­е­те не­што по­ве­ќе за га­со­вод „Ју­жен тек“, кој е долг 2.400 ки­ло­ме­три.

Га­со­во­дот е цен­трал­ни­от дел на би­тка­та ме­ѓу Мос­ква и Ва­шин­гтон во Евро­па. Тоа мо­же да е и мо­ти­ва­ци­ја за спо­ју­ва­ње­ на Крим со Ру­си­ја. И до­кол­ку по­стои про­цеп во обе­ди­не­ти­от фронт на САД и на Евро­па за уло­га­та на Ру­си­ја во Укра­и­на, тоа е „Ју­жен тек“.

Зо­што е ва­жен „Ју­жен тек“? Тоа е про­ект од 21,6 ми­ли­јар­ди до­ла­ри за по­вр­зу­ва­ње на ру­ски­те ре­зер­ви на гас (нај­го­ле­ми во све­тот) со па­за­ри­те во Евро­па. Евро­па се пот­пи­ра на Ру­си­ја за око­лу 30 про­цен­ти од неј­зи­ни­от при­ро­ден гас.

Ка­кви би­ло од­ло­жу­ва­ња на за­вр­шу­ва­ње­то на га­со­во­дот (пред­ви­де­но е про­е­ктот да се за­вр­ши во 2018 го­ди­на) мо­же са­мо да им по­мог­не на кон­ку­рен­ти­те на Ру­си­ја во ме­ѓу­на­род­ни­от енер­гет­ски биз­нис. Еден од игра­чи­те што се под­го­тву­ва­ат да ѝ се спро­тив­ста­ват на Ру­си­ја на европ­ски­от енер­гет­ски па­зар се ток­му САД.

Оваа го­ди­на, САД ста­наа нај­го­ле­ми­от про­из­во­ди­тел на при­ро­ден гас и на на­фте­ни јаг­ле­но­во­до­ро­ди во све­тот над­ми­ну­вај­ќи ги Ру­си­ја и Са­у­ди­ска Ара­би­ја. По­сто­јат цвр­сти до­ка­зи де­ка САД се оби­ду­ва­ат да за­зе­мат цвр­ста по­зи­ци­ја на европ­ски­от па­зар на на­фта и на гас пре­ку ко­мер­ци­јал­на пред­ност и по­ли­тич­ко вли­ја­ние.

До­ка­зи­те, де­лум­но, до­а­ѓа­ат од санк­ци­и­те што ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Оба­ма ги из­бра ка­ко каз­на за спо­ју­ва­ње­то на Крим­ски­от По­лу­о­стров кон Ру­си­ја. Се­то ова го пот­тик­ну­ва пра­ша­ње­то за тоа кол­ку конф­ли­ктот во Укра­и­на е за тоа кој ќе про­да­ва при­ро­ден гас (по­доц­на и на­фта) на еден од нај­го­ле­ми­те енер­гет­ски по­тро­шу­ва­чи во све­тот – Евро­па.

 Га­со­вод­на по­ли­ти­ка

По­сто­е­ње­то на „Ју­жен тек“, пред сѐ, се дол­жи на спо­рот ме­ѓу Укра­и­на и Ру­си­ја за га­сот од 2005 година до 2010 го­ди­на, кој отсе­че око­лу 18 европ­ски зем­ји од ру­ски­от гас. Ру­ска­та др­жав­на енер­гет­ска ком­па­ни­ја „Гас­пром“ го пред­ло­жи „Ју­жен тек“ ка­ко на­чин да се за­о­би­ко­ли Укра­и­на и да се обез­бе­ди не­пре­чен про­ток кон Евро­па. „Гас­пром“ нај­де до­бро­во­лен парт­нер во ита­ли­јан­ска­та др­жав­на ком­па­ни­ја за на­фта и за гас, „Ени“ и во се­дум дру­ги зем­ји „глад­ни“ за гас.

Кол­ку е ва­жен „Ју­жен тек“ за ру­ско­то еко­ном­ско вли­ја­ние во Евро­па мо­же да се ви­ди од цел­та на не­кои аме­ри­кан­ски­те санк­ции за Ру­си­ја или за ком­па­ни­и­те по­вр­за­ни со Ру­си­ја. Две од нив беа ди­рект­но на­со­че­ни кон за­ба­ву­ва­ње или пре­ки­ну­ва­ње на „Ју­жен тек“.

Пр­ва­та ком­па­ни­ја­та по­вр­за­на со „Ју­жен тек“, ко­ја САД ја имаа на ни­шан, бе­ше ком­па­ни­ја­та „Строј­транс гас“, ко­ја ра­бо­ти на из­град­ба­та на бу­гар­ски­от дел. Сопс­тве­ник на ком­па­ни­ја­та, ми­ли­јар­де­рот Ге­на­диј Тим­чен­ко, е со­јуз­ни­к на Пу­тин и ве­ќе е на ли­ста­та на санк­ции. Та­ка, „Строј­транс гас“ мо­ра­ше да ја пре­ки­не из­град­ба­та или да ри­зи­ку­ва и дру­ги­те ком­па­нии што ра­бо­тат на про­е­ктот да тр­пат санк­ции.

Вто­ра­та ком­па­ни­ја што бе­ше по­го­де­на од санк­ци­и­те е „Чер­но­мор­наф­тгас“ од Крим. По ру­ска­та ане­кси­ја, крим­ски­от пар­ла­мент гла­са­ше за пре­зе­ма­ње на ком­па­ни­ја­та, ко­ја при­па­ѓа на укра­ин­ска­та вла­да. Оваа ком­па­ни­ја е сопственик на екск­лу­зив­ни­те пра­ва на еко­ном­ска­та по­мор­ска зо­на во Цр­но Мо­ре. Тоа е важ­но за­тоа што Ру­си­ја ја пред­ви­де мар­шру­та­та на га­со­во­дот пре­ку Цр­но Мо­ре, што ја отсе­ку­ва Укра­и­на. Ги из­бег­ну­ва во­ди­те на Крим и оди пре­ку Тур­ци­ја.

 Евро­пеј­ци­те се по­де­ле­ни

juzen potokЕвроп­ска­та уни­ја се спро­тив­ста­ви на про­е­ктот „Ју­жен тек“ пре­ку не­об­вр­зу­вач­ка ре­зо­лу­ци­ја, ко­ја ги по­ви­ку­ва учес­ни­ци­те во не­го да ги пре­ки­нат ра­бо­ти­те. Член­ки­те на ЕУ не се за­дол­же­ни да ја по­чи­ту­ва­ат ре­зо­лу­ци­ја­та што бе­ше до­не­се­на најм­но­гу по­ра­ди ја­вен при­ти­сок врз Ру­си­ја. Но, по­те­гот на Бри­сел ги по­де­ли зем­ји­те во Евро­па, и тоа ста­на мно­гу очиг­лед­но.

Тие зем­ји што ќе има­ат при­до­би­вки од га­со­во­дот изра­зи­ја под­др­шка за из­град­ба­та или, пак, оти­доа че­кор по­на­пред со пот­пи­шу­ва­ње до­го­во­ри за из­град­ба. Ита­ли­ја са­ка да се реализира про­е­ктот, а Ав­стри­ја и Ру­си­ја пот­пи­шаа до­го­вор за из­град­ба на еден сег­мент не ве­ру­вај­ќи во по­зи­ци­ја­та на ЕУ де­ка га­со­во­дот мо­же да ги на­ру­ши ан­ти­кон­ку­рент­ски­те пра­ви­ла. Гер­ман­ски „Си­менс“ ќе вр­ши на­ба­вка на ин­стру­мен­ти за га­со­во­дот.

Единс­тве­на зем­ја што се оби­ду­ва да ја из­бег­не би­тка­та на џи­но­ви­те е Бу­га­ри­ја. Таа сѐ уште има бли­ски вр­ски со Ру­си­ја, но е суб­јект врз кој САД вр­шат си­лен при­ти­сок.

Европ­ска­та уни­ја ја пре­ду­пре­ди бу­гар­ска­та вла­да де­ка тен­де­рот за из­град­ба ги кр­ши пра­ви­ла­та на ЕУ, а САД во­ве­доа санк­ции за ком­па­ни­ја­та што го до­би тен­де­рот, „Строј­транс гас“. Бу­га­ри­ја е во ка­вга со ЕУ твр­деј­ќи де­ка неј­зи­на­та по­зи­ци­ја е ле­гал­на и де­ка неј­зи­на­та еко­ном­ска ста­бил­ност е под ри­зик без „Ју­жен тек“. Спо­ред ми­ни­сте­рот за еко­но­ми­ја и за енер­ге­ти­ка на Бу­га­ри­ја, Дра­го­мир Стој­нев, земјата не­ма друг си­гу­рен при­лив на гас, па по­ра­ди тоа мо­ра­ат да би­дат за­шти­те­ни на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си.

Во ме­ѓу­вре­ме, Бу­га­ри­ја упор­но се оби­ду­ва да нај­де пат за да ги за­о­би­ко­ли санк­ци­и­те на САД. Та­ка, вла­да­та раз­мис­лу­ва да ја до­де­ли из­град­ба­та на кра­кот на фир­мата-раз­гра­нок на „Ју­жен тек“, ко­ја ќе го гра­ди га­со­во­дот низ Ср­би­ја. Бу­гар­ска­та вла­да, пак, одо­бри за­ем од „Гас­пром“ во ви­си­на од 385 ми­ли­о­ни до­ла­ри за да го оси­гу­ри при­хо­дот од га­со­во­дот.

 Са­мо биз­нис, не по­ли­ти­ка

Спо­ред ру­ски­от пре­тсе­да­тел, Вла­ди­мир Пу­тин, „Ју­жен тек“ е са­мо де­ло­вен про­ект што се со­о­чу­ва со во­о­би­ча­е­ни ко­мер­ци­јал­ни не­ус­пе­си, кои не­ма­ат вр­ска со Укра­и­на. По сред­ба­та со ав­стри­ски­от парт­нер, Пу­тин ре­че де­ка Ва­шин­гтон се ме­ша во про­е­ктот за­тоа што САД са­ка­ат да ја снаб­ду­ва­ат Евро­па со гас.

– Тоа е во­о­би­ча­е­на би­тка на кон­ку­рен­ци­ја­та. Во на­со­ка на ова нат­пре­ва­ру­ва­ње се упо­тре­бу­ва­ат по­ли­тич­ки ала­тки – из­ја­ви Пу­тин мис­леј­ќи на по­ли­тич­ки­те санк­ции на САД.

Без сом­не­ние, САД има­ат го­лем ко­мер­ци­ја­лен ин­те­рес за про­даж­ба на при­род­ни­от гас на Евро­па. Бла­го­да­ре­ние на бо­га­та­та по­ну­да соз­да­де­на од бу­мот на до­маш­ни­от гас од ли­стен ка­мен, САД се во мож­ност да из­ве­зу­ва­ат те­чен при­ро­ден гас на европ­ски­от па­зар во бли­ска ид­ни­на. Ва­шин­гтон ве­ќе из­да­де ли­цен­ци за се­дум из­воз­ни об­је­кти, а уште 30 че­ка­ат одо­бре­ние. Пр­ви­те пла­си­ра­ни ко­ли­чи­ни мо­же да се оче­ку­ва­ат до кра­јот на го­ди­на­ва.

Га­со­вод за енер­гет­ска до­ми­на­ци­ја

Срп­ски­от пре­ми­ер, Але­ксан­дар Ву­чиќ, сме­та де­ка иде­ја­та за из­воз на гас од САД во Евро­па за ед­на или две го­ди­ни е бај­ка.  Во ме­ѓу­вре­ме, Пу­тин наг­ла­си де­ка га­сот се­ко­гаш ќе би­де по­е­втин во га­со­ви­та откол­ку во теч­на фор­ма, а Мос­ква по­сто­ја­но наг­ла­су­ва де­ка европ­ски­от гас ќе по­ска­пи ако Евро­па се ре­ши за ал­тер­на­ти­ва по­крај ру­ски­от при­ро­ден гас.

Ка­ко и да е, во игра е не­што мно­гу по­ве­ќе од при­род­ни­от гас во европ­ска­та енер­гет­ска ид­ни­на. Ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Оба­ма пре­го­ва­ра за до­го­вор за сло­бод­на тр­го­ви­ја со Евро­па што мо­же да го ле­га­ли­зи­ра из­во­зот на аме­ри­кан­ска­та на­фта, прв­пат по 1975 го­ди­на. Ова ќе ги до­не­се аме­ри­кан­ски­те из­воз­ни­ци во ди­рект­на кон­ку­рен­ци­ја со Ру­си­ја, ко­ја про­да­ва 84 про­цен­ти од сво­јот из­воз на на­фта на Евро­па.

Во мо­мен­тов, га­со­во­дот „Ју­жен тек“ е про­е­кти­ран да обез­бе­ду­ва при­хо­ди од приб­лиж­но 20 ми­ли­јар­ди до­ла­ри го­диш­но. Со тол­ку па­ри во игра, по­ли­ти­ка­та зад во­о­ру­же­ни­от конф­ликт во источ­на Укра­и­на до­би­ва но­ва ди­мен­зи­ја: да­ли убис­тве­на­та вој­на е дел од по­го­лем, по­дол­го­тра­ен конф­ликт – про­дол­же­ние на би­тка­та ме­ѓу САД и Ру­си­ја за гло­бал­на енер­гет­ска до­ми­на­ци­ја?

Из­вор: globalresearch.ca

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top