| четврток, 6 декември 2018 |

Американката Сур нова светска рекордерка во скок со стап

Американската атлетичарка Џен Сур, е нова светска рекордерка во скок со стап во сала, а резултатот за историја е 5,02 метри. Сур, новиот рекорд го постави на државното првенство на САД, во Албикерки.
Со тоа падна едно од двете најдобри постигнувања во оваа дисциплина, во сопственост на Јелена Исинбаева.
Извонредната Русинка сега е нај, само со резултатот на отворено, а тој гласи 5,07 метри. Сур се обиде да го урне, но во три обиди не успеа.
Ова е неверојатно. Знаев дека можам да направам голем резултат и затоа побарав летвичката да се крене на висина од 5,02 метри. Следната цел ми е  да прескокнам 5,07 метри и да го срушам и вториот светски рекорд- рече Џен Сур.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top