| четврток, 6 декември 2018 |

Литванија ја обвини Русија за инвазија на Украина

Crisis in Ukraine.
Литванија ја обвини денеска Русија за воена инвазија на Украина, на чиј исток беснеат судири меѓу војската и проруските сили, а повика и за одржување на вонреден состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Литванското Министерство за надворешни работи објави соопштение во кое се наведува дека „Литванија остро ја осудува очигледната инвазија на украинска територија од страна на вооружените сили на Руската Федерација“.

Министерството исто така нагласи дека СБ на ОН би требало итно да заседава со цел да се разгледа овој проблем.

Претходно е најавено дека Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска ќе одржи вонредна седница посветена на развојот на ситуацијата во Украина.

– Упадот на руските сили во Украина ќе биде главна тема на вонредниот состанок на ОБСЕ закажан за денеска во Виена, соопшти американската мисија во таа Организација на својот налог на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top