| четврток, 6 декември 2018 |

НАСА: Пробно лансирање на новата моќна ракета во 2018 година

nasaАмериканската вселенска агенција, НАСА соопшти дека новиот моќен ракетен систем успешно поминал мошне важно тестирање, а пробното лансирање е одложено за ноември 2018 година.

НАСА го разработува „Спејс лонч систем“ (Систем за лансирање во вселената), кој ќе може да испраќа астронаути надвор од земјината орбита до некои астероиди или евентуално до Марс. Ракетите од оваа серија ќе бидат многу помоќни од „Сатурн 5“ кои беа дел од програмата „Аполо“ до Месечината.

Засега се работи на првите ракети кои се со помала моќност и кои во орбитата ќе може да лансираат 77 тони товар и екипаж. Големите ракети ќе може да лансираат 143 тони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top