| четврток, 6 декември 2018 |

Извршителите не можат да постигнат

сметки 1104 милиони евра наплатиле извршителите лани само по основ на извршни решенија за неплатени доспеани долгови, пишува интернет порталот Фактор. Гордан Становиќ, првиот човек на Комората на извршители, за „Фактор“ вели дека сумата се зголемува, а реализацијата на наплатата оди сè потешко. Лани во Комората биле примени над 164 илјади барања за извршување, а над 33 илјади биле реализирани. заради големиот број барања, паднат е и процентот на завршени предмети. Овие показатали се логична рефлексија  на кризата и на ослабената финасиска моќ на граѓаните и фирмите да  ги серивисираат обврските. Најголем дел од тужбите се испорачани од енергетските, комуналните и телекомуникациските  компаниите за неплатени сметки за струја, вода, телефон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top