Четврток носи освежување, но пред сѐ во поглед на темпаратурата. Во текот на денот, според Метеопро, ќе има мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува, пред се во јужната половина од земјата. Постои можност за краткотраен дожд во текот на вечерта во поширокото подрачје околу Беласица. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Минималната температура ќе биде во границите од 14°С до 21°С. Максимална температура околу 27°С се очекува во северната половина на земјата, околу 28°С во југозападниот регион. Најтопло ќе биде на југоисток до 33°С. Вредноста на УВ индексот ќе биде 6.
Во скопската котлина се очекува сончево време со умерена облачност. Ќе дува умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17°С, додека максималната вредност на температурата ќе достигне 28°С.
Во Охридско-Преспанскиот се очекува сончево време претпладне, попладне ќе има наоблачување. Максималната дневна температура ќе достигне околу 27°С.
Дојран очекува сончево време претпладне, додека во текот на вечерта и ноќта ќе постојат услови за краткотраен дожд. Максималната температура ќе достигне вредност околу 30°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.