| четврток, 6 декември 2018 |

Крадец на автомобили од Бугарија стана советник во BMW

Крадец на скапи автомобили стана платен советник во водечката германска автомобилска марка BMW. По серија на автокражби во Виена, овој 32 годишен Бугарин првично бил ангажиран од BMW, но подоцна станал и советник на полицијата и германска осигурителна компанија, соопшти поранешниот шеф на криминалното биро во полицијата во Виена, Максимилијан Еделбахер, објавија бугарски медиуми.

– Овој човек е компјутерски гениј, кој со изработен некаков магичен уред, долг околу 2-3 сантиметри, отвораше скапи лимузини за помалку од 5 секунди – изјави Еделбахер кој е гостин на Меѓународниот симпозиум на полициските раководители во Софија.

Откако почна истрагата против 32-годишниот маж, тој се принудил да соработува со осигурениците и автопроизводителите.

Од крадец на автомобили, Бугаринот во моментов е еден од најпрофитабилните во консултантскиот бизнис, и продава know-how, при што ги штити автомобилите од кражби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top