| четврток, 6 декември 2018 |

На Турција ѝ е потребен нов либерален Устав

Ahmet-DavutoğluАхмет Давутоглу, до скоро шеф на турската дипломатија, на кого утре официјално ќе му биде даден мандат за состав на нова влада, денеска изјави дека на земјата и е потребен нов устав со либерални карактеристики. Во обраќањето пред членовите на владејачката Партија на правдата и развојот, Давутоглу истакнал дека тој и претседателот Реџеп Тајип Ердоган заедно ќе ја вршат должноста без да има несогласувања. Ердоган денеска потврди дека на Давутоглу утре ќе му биде доверено формирањето на нова влада, а составот на новиот кабинет ќе биде објавен в петок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top