
По напорниот ден сите сакаме да се отпуштиме со добра музика и со убава песна. Истражувањата покажале дека музиката отпушта повеќе од шетање во природа, масажа или пиење чај, но не секоја. Некои песни буквално ќе ве изнервираат. Па, затоа решивме да издвоиме дел од многуте бесмислени текстови од македонските изведувачи. На крајот не секогаш е крив пејачот, текстописците се тие што нѐ натераа на ваква статија. Ова е само дел, кој нам ни останал во памет, ако ги баравме детално, целиот магазин ќе ни беше мал. Интересно е што големи хитови, како, на пример, „Не кани ме“ на Миле Кузмановски, се дел од песните со нелогични стихови:
Те слушам мирисаш пред мене,
а в гради срце и невреме
и не знам како ќе ми помогнеш
за да побегнам од тебе и од себе„Не кани ме“, Миле Кузмановски
Дали брзо ти станав јас одбивна
Упс со тебе ко да сум невина
Еднаш неделно не ми е доволно
Со тебе в кревет незадоволено
„Невина“, Елена Велевска
–Мојатамајка не спие,твојата слатко сонува
Може ли да се сокрие тагата што ме убива„Мојата мајка не спие“,Сашо
Еј девојко слатка
знам зашто ме гледаш
цигара ти се пуши
ама чакмак немаш
„Чакмак“, Кенан Таировски
Ти ме викаш цуци, цуци
баш ги сакам тие звуци
дел по дел па целото
нанананананааа
морници по телото
нананананананаааа„Мисица“,Сузана Гавазова
Умот ми го шекна еден дотеран и згоден
и одма знаев дека за мене е роден
целиот живот барав таков дечко баш
но појма немав дека тој е мафијаш–
„Мафијаш” – Андријана Ацевска
Ако веруваш во Бога тогаш верувај во себе не ме давај на ѓаволите
а ако можеш да ме видиш кое црнило ме пере дај помогни ми,
обои ме„Обои ме“, Калиопи
Ненаситен, ненаситен сум по тебе,
ненаситен вчера утре и денес
од усните што се опиум за меееееннееееее
„Ненаситен“,Марјан Стојановски
Се јачаш кога гледаш машки солзи во очи
Знам дека е така мала, кажи не се кочи
Готово е сега, ајде сега да те видам
Кога знаеш дека до крај со друга ќе бидам„Јас си заминувам“, Јован Јованов
Веќе имам добар план за нас
Само кажи јес, симни се пред влез
За час, од тебе губам свест
„Нема крај“, Сотир Лалевски
Со најмали букви ги пишувам моето име и презиме
од како тебе со некој друг те виделе
на друга ни да помислам
на срцево клуч си ставила„Не сум бог знае што“,Јован Јованов
Имам милион фори како да те излажам,
триста филма како да те добијам,
сите женски срца што ги собирам,
колку има таму не можам да избројам
„Купи ме“, Елвир Мекиќ
Голем ти беше, мажу, голем ти беше,
голем ти беше, мажу, меракот по мене.
Мала ти беше, жено, мала ти беше,
мала ти беше, жено, љубовта твоја.„Кој ти го тури,жено“, Петранка Костадинова и Иван Узунов
Ај што пиеш,
ај што пиеш изнапиј се,
но зошто кршиш,
зошто кршиш, еј што ти е
„Не лудувај, Јоване“,Маргица Антеска
БОНУС
Дај да ти бидам твојот султан вечерва
твоите усни да ми бидат вечера
Султана Султана да сум ти в постела
ти не би спиела мори Султана
Непознат автор
Продолжува…
Пишува: Владо Оцевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


