| четврток, 6 декември 2018 |

Киев тврди дека има руска база во Доњецк

Ukraina April 29Украинските власти ја обвинија денеска Москва дека поставила воена база во југоистониот дел на Украина, а наводно станува збор за тактички баталјон во близина на селото Победа, оддалечено околу 50 километри од Доњецк.

Портпаролот на украинските служби за безбедност, Андриј Лисенко наведе дека во селото се наоѓа штабот на баталјонот, а северно од него навлегле 20.000 руски војници кои се донесени со оклопни возила и камиони.

Русија остро ги демантираше тврдењата на Киев дека војници на руската армија преминале на територија на Украина, а пред 10 дена признаа дека група од 10 руски војници за време на патрола долж границата по грешка навлегле во Украина каде биле заробени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top