| четврток, 6 декември 2018 |

ОН: И Асад и Исламската држава се воени злосторници во Сирија

syrian-army-630x354И групацијата „Исламска држава“ (ИД) и сириската Влада извршуваат воени злосторства и злосторства против човештвото, додека војуваат меѓусебе, се наведува во денеска објавениот извештај на Анкетната комисија на Обединетите нации за нарушување на човековите права во Сирија.

Борците од ИД во северна Сирија водат кампања за влевање страв меѓу населението, која вклучува јавни егзекуции, отсеткување екстремитети и камшикување, се вели во документот.

– Петочните јавни егзекуции се претворија во вообиачени јавни претстави во Рака и во провинциите во Алепо, кои се под контола на ИД, се нагласува во извештајот.

Според извештајот џихадистите ги потикнуваат, а понекогаш и ги обврзуваат жителите да присустуваат на егзекуциите. Повеќето од жртвите се мажи, но по кратка процедура се егзекутирани и неколку момчиња на возраст меѓу 15 и 17 години, а исто така и жени.

Владините сили исто така вршат воени злосторства, за кои треба да бидат изведени пред суд, се вели во извештајот и се додава дека тие над цивилните зони фрлаат бомби, меѓу кои и такви со хлор.

Смртните случаи во сириските затвори се зголемиле, а судско медицинската анализа на 26.948 снимки, направени меѓу 2011 и 2013 година во владините затвори, ги потврдуваат неодамнешните заклучоци за систематско измачување и смрт на затвореници, се наведува во извештајот од 45 страници, објавен во Женева.

Претставниците на ОН изразија загриженост за судбината на момчињата, кои се принудувани да учествуваат во тренинг камповите во ИД и нагласија дека секоја одлука на САД за бомардирање на сутниската вооружена групација, треба стриктно да се придружува кон законите на војување.

– Имаме информации за присуство на деца во тренинг камповите. Одлуката на САД треба да ги почитува законите на војната, изјави на брифинг со новинарите претседателот на Комисијата Пауло Пињеро.

Комисијата е ополномоштена од Советот на ОН за човекови права да ги истражува и регистрира сите нарушувања на меѓународното право во Сирија, поврзани со човековите права. Овој извештај на Комисијата е осмиот од нејзиното формирање пред три години и со него се опфаќа шестмесечен период до средината на јули оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top