Мисија на „тројката“, Меѓународниот монетарен фонд, Европската унија и Европската централна банка, денеска во Атина е да се процени состојбата во која се наоѓа грчката економија и на напредокот во спроведувањето на договорените реформи. Вниманието првенствено ќе биде насочено кон намалувањето на вработените во јавните служби, процесот на приватизација на државните претпријатија, борбата против затајувањето даноци и докапитализацијата на четирите најголеми банки во Грција. Меѓународните кредитори бараат до крајот на годината да бидат отпуштени уште 25.000 државни службеници и вработени во јавниот сектор, со цел до 2015 година вкупниот број на намелени работни места да достигне 150.000. Во последниве 18 месеци бројот на вработените во државниот сектор во Грција е намелен за 75.000 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


