
Пожар избувнал денеска на територија на Република Албанија на граница со Република Македонија, јавува Дирекцијата за заштита и спасување. Пожарот се држи под контрола и се уште е лоциран на албанска страна, велат од таму.
На терен се ангажирани вработени од Националниот парк Галичица и охридската противпожарна единица. Дирекцијата будно ја следи состојбата и за секоја ново настаната ситуација ќе известува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


