| четврток, 6 декември 2018 |

Во вчерашното дивеење е повреден пожарникар

камен

При вчерашното палење на автобусот во екот на немирите низ Скопје, повреден е и еден пожарникар. По алармот за пожар, екипа од скопска Автокоманда се упатила кон запаленото возило но била нападната од група која со камења го оштетила и противпожарното возило. По нападот пожарникарите во соработка со полицијата се вратила од местото.

Колегите на повредениот велат дека само среќа и брзите рефлекси му ја спасиле главата од каменот кој што сепак завршил во кукот на повредениот. Тој денеска се чувствува добро, по лекарската интервенција е пуштен на домашно лекување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top