Нови два случаја на украдени регистарски таблички од возила на македонски државјани во Грција биле пријавени вчера, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Едниот е пријавен на граничниот премин „Богородица“. Д.П. од Кавадарци, сопственик на возило „сеат кордоба“, пријавил дека вчера, 26 август, во Грција му биле украдени комплет регистарските таблички од возилото, а случајот не бил пријавен во грчката полиција.
МВР наведува дека случај на украдени регистарски таблички е пријавен и на граничниот премин „Меџитлија“ од лицето Ј.П од Струга, сопственик на возило „ситроен Ц5” од кое биле украдени табличките. Ј.П пријавил дека вчера во Пефкохори, Грција, од неговото возило биле украдени комплет регистарските таблички. Случајот го пријавил во грчката полиција.
– Со овие два нови случаја, вкупниот број на украдени регистарски таблички за оваа година достигна единаесет. Досега се регистрирани и пет оштетувања на регистарски ознаки, со што забележуваме континуитет на проблеми од ваков карактер со кои мошне често се соочуваат македоските туристи во Грција, соопшти МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


