| четврток, 6 декември 2018 |

Дедо Георгија ја откри тајната на долговечноста – не јаде ништо од продавница

dedoselo
Георгија Цветковиќ наскоро ќе наполни 100 години, а сега ја откри и неговата тајна за долговечност.Тој вели дека е млад и дека сака да поживее уште барем 20 години.

Георгија живее во село Сагонијево и вели дека една од тајните за неговиот долг живот е тоа што секој ден пие по една чашка ракија.

-Кога бев млад, беше тешка сиромаштија. Останав без родители на две години и повеќе бев гладен отколку сит и морам да се научам да јадам природна храна. Зеленчук од мојата бавча, овошје. Не јадам ништо од продавница, вели старецот.

Иако има речиси 100 години, се уште активно работи по дома и чува стока, а за него се грижат синот и снаата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top