| четврток, 6 декември 2018 |

Прикривале сексуално насилство врз деца за да не бидат обвинети за расизам

siluvanje devojce

Општинските власти во Ротерам,во Велика Британија и локалната полиција цели 16 години прикривале сексуално насилство врз деца и постари малолетници,што се случувало во тамошната азиска,муслиманска заедница,стравувајжи да не бидат обвинети за расизам.

Социјалните работници и полицијата имале сознанија за она што се случувало,но не преземале ништо.

Некои од жртвите кои сега се полнолетни жени,изјавуваат дека не само што добиле помош и поддршка од полицијата на приговорите за она што им се случува,туку уште и биле навредувани и означувани како „немирни и неморални девојчиња“.

Лондонските медиуми кои на откривањети на скандалот,што траел од 1997 до минатата година,му посветуваат големо внимание,барајќи казнување и сменување на општинските и на полициските функционери во областа Јужен Јоркшир.

Сканадалот е конечно обелоденет по една независна истрага,која покажа дека станува збор за околу 1400 деца,девојчиња,од кои најмалечката имала само 11 години,кога прв пат била изложена на сексуално насилство.Девојчињата биле тепани и физички малтретирани,силувани од банди и продавани како сексуални робинки и проститутки.

Најголемиот број од жртвите потекнуваат од етничката заедница на јужноазиските муслимани и повеќето се Пакистанки.

Претставник на Советот на младите муслимани во Велика Британија,изјави денеска дека овој скандал треба да биде поучен,како за британските власти,така и за муслиманската заедница,која не би требало да дозволи повторување на еден ваков случај.

Лондонски „Индепендент“ и неговиот колумнист Јасмин Алибхаи-Браун, меѓутоа, ја анализираат и состојбата во пакистанската заедница во земјата,обвинувајќи ги семејствата,а посебно мајките кои со својот однос придонесуваат за ваквите случувања.

Според весникот,Азијките-мајки, во средината од каде потекнуваат,но и по преселувањето во Велика Британија, „ги разгалуваат своите синови,до тој степен што целосно ги уништуваат“, угодувајќи им и прикривајќи го секое нивно однесување.

Истите тие мајки,во исто време,имаат сосема поинаков однос кон женските деца, потценувајќи ги своите ќерки и понижувајќи ги своите снаи. Во делови од британската муслиманска заедница,Западот се гледа како „дегенериран и неморален“, па мајките често сметаат дека е сосема во ред да се остават девојките и младите жени уште повеќе да пропаѓаат,не забележувајќи им на машките за нивното неморално и најчесто,насилно однесување кон жените,констатира тој весник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top