Неготинчанец си зготвил отровни јајца поради депресија што сопругата го оставила. Според информацијата, која ја објавува Дневник во едно неготинско село двајцата сопружници повеќе време имале семејни проблеми, по што жената го напуштила мажот и отишла да живее кај своите во друго село. Tој во петокот и пратил мејл порака во која и напишал дека ќе го отруе заедничкиот малолетен син. Испаничената жена веднаш побарала помош, а човекот на кого му се обратила веднаш реагирал, стапил во контакт со разочараниот сопруг. Таткото на детето потенцирал дека нема да му наштети на синот.
Во меѓувреме во полицијата стигнала пријава дека истиот разочаран сопруг самиот се затрул – испржил јајца за јадење и потоа ги попрскал со отров. Иако неговото синче исто така сакало да јаде од јајцата, таткото не му дозволил и самиот го изел приготвеното јадење. Откако се затрул, завршил во болница во Скопје. Во моментов тој се наоѓал вон животна опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Поради недостаток на доктори: Матичните лекари ќе дежураат во Итна помош во Неготино
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје


