| четврток, 6 декември 2018 |

Фактори кои утврдуваат колку долго ќе живеете

зивот

Здрава исхрана,  редовно вежбање, без цигари и алкохол – дали тоа ќе се исплати?

Научници во едно ново истражување даваат  потврден одговор на ова прашање, наведувајќи дека со  избегнување на четирите лоши навики може да се продолжи животниот век, пренесува “Tportal”.

Според новото истражување објавено во списанието Превентивна медицина,  животниот век може да биде продолжен  ако се избегнат  пушење, алкохол, лоша исхрана и неактивност. Истражувањето на научници од Универзитетот во Цирих опфатило  16.721 луѓе, на возраст од 16 до 90 години. Целта била  да се утврди како здравите навики изгледаат во бројки и како  избегнувањето на нездравите фактори влијае на  продолжување на животниот век.  Научниците докажале дека пушењето е најголем ризик фактор –  пушачите имаат 57 отсто поголем ризик од прерана смрт. Исто така, луѓето кои не избегнуваат ниту еден  од четирите лоши навики имаат два ипол  пати поголем ризик од прерана смрт.

– Бевме прилично изненадени од два и пол пати поголем ризик од прерана смрт, кои овие фактори го прават во нивна комбинација. На пример, веројатноста дека 75-годишен маж, кој не  избегнувал ниту еден од овие четири фактори на ризик, шансите да ги преживее и следните 10 години се само 35. Но, ако се избегнуваат овие  лоши навики шансите за подолг живот се 67 проценти – велат научниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top