„Нафтогас“ Украина не прифати 10,54 милиони долари кои му ги пренесе „Гаспром“ како надомест за транзит на руски гас преку територијата на Украина во јули.
„Нафтогас“ уплатата ја вратил на испраќачот, соопшти украинската компанија.
Настанатата состојба е предизвикана од споровите меѓу двете компании околу цената на транзитот преку територијата на Украина. Имено, како што констатираат руските медиуми, дека „Нафтогас“ прифатил плаќање на „Гаспром“, фактички би се согласил со цена од 485,5 долари за 1.000 кубни метри гас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.