| четврток, 6 декември 2018 |

Компании од Турција на бизнис средби во Македонија

stopanskakomora2

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Регионалната индустриска комора на Испарта – Република Турција, организира Македонско-турски бизнис-форум, со цел воспоставување билатерални деловни контакти со компании од двете земји, кои би се јавиле како потенцијални деловни партнери.

Регионот на Испарта е познат по производство на руди и мермер, репроматеријали за градежништво (цемент), производство на рози и суровини – екстракти од рози за повеќе индустриски намени, овошје и зеленчук (особено јаболка и цреши), хемиски материјали и текстил.

По завршување на официјалниот дел на Бизнис-форумот, планирани се билатерални разговори меѓу компаниите од повеќе стопански сектори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top