Ол стар кошаркарот Кевин Лав минатата ноќ беше официјално претставен како нов играч на Кливленд Кавалирс.
На првата конференција за медиумите, Лав изрази задоволство поради доаѓањето во „Квикен Лоунс Арената“.
– Многу ми значи што дојдов во тимот кој ќе се бори за титула. Ме повика Леброн и ми кажа што се случува и веднаш сакав да дојдам – изјави Лав.
– Се надевам дека во овој град ќе останам долго, но пред се, се надевам дека ќе ја освојам шампионската титула – додаде Лав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


