| четврток, 6 декември 2018 |

МВР вработува 50 лица со високо образование

policija-2

Министерството за внатрешни работи денеска објави оглас за вработување 50 лица со високо образование, кои ќе бидат ангажирани на работни места во подрачните единици надвор од Скопје.

Со огласот се бараат 7 извршители со завршено образование од областа на информатичка технологија, електроника, телекомуникации, автоматика или вештачка интелигенција, 4 од телекомуникации, 12 со завршен Природноматематички факултет од кои 10 насока хемија и биологија, а 2 насока физика, 1 со Машински факултет – насока моторни возила, 8 со Правен факултет, од кои 3 и со положен правосуден испит, 8 со завршен Економски факултет – насока банкарство и јавни финансии и 10 извршители со завршен Факултет за безбедност.
Општите услови за пријава на огласот предвидуваат кандидатите да се државјани на РМ, да се полнолетни, а да не наполниле 30 години ако првпат засноваат работен однос на работно место за кое е предвидено високо образование, да се здравствено и психофизички способни и со правосилна пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност. Кандидатите треба да знаат англиски јазик, (познавање на други светски јазици се смета за предност), и работа со компјутери.
Ќе биде извршена административна проверка на поднесената документација, писмено тестирање (стручен, општообразовен тест), психолошки тест, интервју и здравствени прегледи. Селекцијата на кандидатите ќе се спроведува по пат на тестирање за нивната
стручна оспособеност за делот во кој аплицирал.
По спроведената селекција, избраните кандидати склучуваат договор за вработување во Министерството за внатрешни работи. По истекот на периодот за стручно оспособување кандидатите ќе бидат распоредени на соодветни работни места во Министерството за
внатрешни работи.
Пријавите со потребната документација, кандидатите треба да ги достават во наредните осум дена лично до архивата на Министерството за внатрешни работи на ул.„Димче Мирчев“ бр.9, Скопје или по пошта со назнака до Секторот за правни работи и управување со човечки ресурси, секој работен ден во текот на работното време, односно од 08:30 до 16:30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top