Задоволните инвеститори носат нови инвестиции во земјава. Последниот таков пример е украинската „Енергија“ која ќе гради фабрика во Бунарџик. менаџментот на компанијата е импресиониран од условите за инвестирање и најави дека Македонија ќе ја препорачува како одлична бизнис дестинација, пишува „Лидер“.
Добриот глас надалеку се слуша
“Беше неочекувано дека земјата создава такви добри услови за инвеститори. Во тешко време на криза, ме прашуваат каде да инвестираат. Кога кажувам дека во Македонија Владата дава помош не ми веруваат. На своите пријатели ќе им ја препорачам да ја преселат работата во Македонија. На 30-ти октомври ќе има форум, ќе дојдат нови инвеститори ќе се уверат со свои очи и сигурно ќе вложат и тие. Очекувам многу нови инвеститори во државава“ изјави Андреј Конашков,генерален менаџер на „Енергија лимитед“.
Украинската компанија „Енергија“ ќе произведува еколошки системи за прочистување води. Новата фабрика ќе биде лоцирана во ТИРЗ „Скопје 2“ инвеститорот ќе вложи 18 милиони евра и ќе отвори 150 нови директни работни места. Производите од фабриката во Македонија што треба да почне со изградба во април следната година, ќе бидат наменети исклучиво за извоз, чиј износ, на годишно ниво треба да достигне 20 милиони евра.
Растат инвестициите – се градат и зоните
Како растат инвестициите така забрзано се градат и технолошко – индустриските развојни зони. Во моментов се градат ТИРЗ Кичево, ТИРЗ Тетово и ТИРЗ Радовиш. Во месец септември треба да почне да се градат ТИРЗ Берово и ТИРЗ Виница, а пред два дена почна изградбата на ТИРЗ Струга. Прва компанија која ќе отвори фабрика е ОДВ Електрик.
“Ова е петтата недела на обучување на првите 15 вработени во ОДВ Електрик, во моментов тие се наоѓаат во Украина, а за две недели од денес машините за фабриката ќе пристигнат, што значи дека во постоечкиот објект во Охрид адаптацијата ќе биде наскоро завршена, до крајот на оваа година ќе има околу 100 вработувања. Вработените ќе работат во три смени. Наскоро, ќе започне и изградбата на нивната фабрика во ТИРЗ Струга во која ќе се вработат 1.000 луѓе“ вели Виктор Мизо, директор на ТИРЗ.
Се преговара и со други инвеститори
“Се разговара и со други компании кои го разгледуваат охридско-струшкиот регион, дел од нив ја гледаат можноста токму во оваа зона, но дел од нив ги разгледуваат и потенцијалните погони кои веќе постојат и кои во минатото работеле како гиганти. Во крајни преговори сме да се одлучи на кој начин овие компании ќе влезат во Македонија, и нормално се надеваме дека таа одлука ќе биде позитивна, потенцираше Мизо.
Извозот од компаниите од технолошко индустриските развојни зони драстично се зголемува.
Во првите шест месеци од годината од ТИРЗ остварен е извоз од над 550 милиони евра.
Според податоците, извозот двојно е пораснат во споредба со истиот период лани. До крајот на годината според прогнозите, извозот ќе достигне вредност од над 1 милијарда евра.
2013 – 760 милиони евра извоз од ТИРЗ
2014 – 1,2 милијарди евра извоз од ТИРЗ
2014 – година на странски инвестиции
Најмалку триесетина нови странски инвестиции во слободните и индустриските зони, кои ќе креираат над 10.000 директни работни места, очекува и премиерот Никола Груевски во наредните четири години. При презентацијата на Предлог-владината програма за периодот 2014-2018 година Груевски истакна дека се очекува раст на извозот од околу 10 проценти и раст на увозот од околу 8 проценти годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митровски: Државата овозможува мултимилионски бизнис со канабис, а граѓаните ги гони како криминалци
-
Работното време ѝ поминува на гробишта: Македонка со успешна бизнис-приказна
-
Оваа година има три пати помалку капитални инвестиции споредено со лани
-
Си направи бизнис со џимиринки: Со влог од 500€ заработува милиони


