Полицијата во Перу денеска соопшти дека запленила 3,3 тони кокаин. Дрогата била скриена во пратка со јаглен и била наменета за Белгија и Шпанија.
Во операцијата уапсени се двајца Мексиканци и петмина Перуанци. Се претпоставува дека дрогата биле шверцувана за еден мексикански картел.
Кокаинот бил пронајден во една куќа во предградие на пристаништето Трухиљо, северно Перу по шестдневно следење и прислушување. Операцијата била спроведена во соработка со американската Управа за борба против наркотици.
Тоа е најголема заплена на дрога годинава. Перу од 2012 година е најголем производител на кокаин во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.