| четврток, 6 декември 2018 |

Манчестер Јунајтед конечно го комплетираше трансферот на Анхел Ди Мариа

Еден од најдобрите аргентиски фудбалери и еден од главните играчи на Реал Мадрид минатата сезона Анхел Ди Мариа го комплетираше трансферот во Манчестер Јунајтед по неколку месечни преговори.
Тој потпиша петгодишен договор за годишна плата од околу 12 милиони евра по сезона. Трансферот тежи околу 60 милиони фунти или околу 80 милиони евра што е најголем во историјата на клубот и Премиер лигата.
На официјалната страна на клубот се задоволни од трансферот и му посакуваат топло добредојде на новиот левокрилен играч, кој треба да биде алката што недостасува во средината на теренот.

– Среќни сме што може да обелодениме дека Анхел Ди Марија го комплетира трансферот во Манчестер јунајтед од Реал Мадрид за рекордна сума од 59,7 милиони фунти. Тој со нашиот клуб ќе потпише петогдишен договор. Добредојде Ди Марија! – стои во соопштението на Манчестер Јунајтед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top