| четврток, 6 декември 2018 |

Британска полиција: Пријавете потенцијални џихадисти

Protest in Baghdad
Британската полиција денеска апелираше до граѓаните ако препознаат „потенцијални џихадисти“ да ги пријават.

– Апелираме до граѓаните, членовите на семејството и пријателите да помогнат во препознавањето на потенцијалните терористи. Тие можеби се подготвуваат за пат во странство, можеби се вратиле или покажуваат знаци на зголемена радикализација, изјави комесарот од Скотланд Јард, Марк Раули.

Тој посочи дека секое разумно лице е погодено од немилосрдното убиство на американскиот новинар Џејмс Фоли од страна на терористите од Исламска држава. За егзекуторот постои оправдано сомневање дека по потекло е Британец.

Во првите шест месеци од годината 69 лица во Велика Британија се уапсени под сомнеж дека претстојувале во странство во терористичките кампови за обука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top