Скопје добива нов спортски центар. Денеска е отворањето на на Друштвото за спорт и рекреација Спортски Центар ЈАНЕ САНДАНСКИ и хотел Русија. Свеченото отворање ќе се оддржи на платото на Јужниот дел на Спортскиот центар, а ќе се обратат Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, инвеститорот на објектот Сергеј Самсоненко, Градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски,, како и генералниот менаџер на Спортскиот Центар Надица Димовска, и гереналниот менаџер на хотелот Русија, Дина Муцунска.
Ќе биде пуштена во употреба арената, односно централната сала со капацитет од 6.500 посетители, како и хотелот „Русија“. Потоа ќе се отвори помошната спортска сала за кошарка и ракомет со капацитет од 1.500 посетители, како и конгресниот центар. Дополнителните спортски капацитети планирани се да бидат пуштени во употреба до крајот на годинава, а тоа се тениски игралишта, фитнес и аеробик центар.
На западната страна од спортскиот центар има обезбедено место каде ќе се продаваат спортска опрема и реквизити, а планирана е и игротека. Во процесот на изградба на спортскиот центар учествуваа над 60 македонски компании, 5 странски, како и околу 1600 работници, а целиот проект беше завршен за 16 месеци.
Хотелот „Русија“ пак, ќе располага со 61 соба и апартмани, од кои еден претседателски апартман, шест „супериор“, 28 еднокреветни соби, 12 „твин“ и 14 „дабл“ соби. Воедно хотелот ќе содржи спа центар и руф бар.
Целиот проект е изграден со јавно приватно партнерство на компанијата на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко и општина Аеродром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.