Фудбалскиот клуб Порто потврди дека нов член на португалскиот тим ќе биде Винсент Абубакар досегашниот играч на францускиот Лориен.
Порто за трансферот на камерунскиот напаѓач ќе одвои 3 милиони евра, за потписот на Абубакар кој се обврза на четири годишна соработка.
Интересно е да се наспомене дека, Порто ќе поседува само 30 проценти од правата за овој фудбалер, слично како што тоа беше случај и со Радамел Фалкао и Хулк, во времето кога Колумбиецот и Бразилецот настапуваа за Порто.
Инаку, Абубакар минатата сезона во француската Лига 1, настапи за Лориен на 38 натпревари на кои постигна 17 голови. За репрезентацијата на Камерун тој има одиграно 27 натпревари и постигнато два гола
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ништо од преселба во Премиер лигата, Касилјас одлучи да остане во Порто
-
Икер Касилјас догодина во редовите на „црвените“ од Ливерпул?!
-
Порто целосно го откупи договорот на Фелипе, за да може да го продаде на Реал Мадрид
-
Порто се крсти во нов светец, „свети Икер“ го остави во борбата за титулата (видео)