| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал во Хрватска: Хигиеничарка асистирала при операција во болница во Бјеловар

operacija Хрватска хигиеничарка од Бјеловар упатила допис до Министерството за здравство дека се жали што морала во операциска сала да асистира на хирург кој оперирал пациент.

– За 27 години работен стаж не доживеав некој да ме викне во сала за време на операција. Се шокирав кога ми рекоа да облечам заштита облека. Ми се покачи притисокот и на одделението за неврологија ми го стабилизираа. На боледување сум, изјави Лидија Мраз (46) за хрватски медиуми.

За случајот таа пред две недели го известила Министерството. Во изјавата вели дека слична наредба повеќе никогаш не би извршила.

Хирургот што вршел операција потврдува дека хигиеничарката била повикана да држи за нозе пациент, но додава дека слични примери се речиси вообичаена пракса во сите хрватски болници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top