Спелеолози од Македонија, Словачка и Чешка завршија со годинашните истражувања на пештерата со вода под Солунска глава на изворот на Бабуна. Со финансиска подршка на Општина Чашка во изминатите десетина дена во пештера под Солунска глава кај изворите на реката Бабуна веќе трета година истражувања вршеа спелеолози нуркачи од СД „Пеони“ од Скопје заедно со осум спелеолози нуркачи од Словачка и двајца од Чешка.
Годинава се истражени уште 900 метри во водните длабочини или вкупно 2,5 километри, а што според него води до заклучок дека токму во овој пештерски комплекс се кријат најголемите резерви на питка вода во Македонија.Има многу варовник и вода, поради што плановите се следната година повторно да продолжат се подлабоко.
Словачките и чешките спелео нуркачи кои три години по ред ја спроведуваат експедицијата, за медиумите потенцираа дека се задоволни од новите откритија. Воедно најавија дека сите истражувања ќе ги документираат и дека ќе бидат достапни за јавноста по целосното истражување на комплексот.
Чешкиот спелеонуркач Даниел Лотњан смета дека овој пештерски комплекс има огромен потенцијал за спелео туризам. Тој појаснува дека пештерата што ја истражуваа е многу стара и фосилна и по сумирање на резултатите има потенцијал да биде прогласена за најголема пештера во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.