Одржувањето на врска на далечина е многу тешка работа, но еве неколку совети кои можеби ќе ви помогнат.
1. Комуницирајте што повеќе
Комуникацијата е најважна кога се работи за врската на далечина. Ако не разговарате често, односот може да избледи, ќе стане бесмислен и многу брзо ќе му дојде крај. Разговорот е најдобар начин да изградите емотивна врска со партнерот. Обидете се да бидете роматични така што ќе си испраќате љубовни писма или цвеќе. Партнерот ќе сфати дека ви е важен, дури и кога сте одалечени со километри.
2. Гледајте се кога и да можете
Финансиите или недостатокот од време нема секогаш да ви дозволат често да се гледате со партнерот, но наш совет е да направите се што можете за да се гледате што почесто.
3. Зборувајте за заедничката иднина
Таквите разговори секогаш се здрави за врската на далечина бидејќи претставуваат дополнителен мотив. Ако разговарате за иднината, партнерот ќе заклучи колку го цените.
4. Правите исти работи
Само затоа што сте далеку, не значи дека не можете да правите исти работи во исто време. Ако сакате да гледате некој филм или да приготвите некое јадење, правете го тоа во исто време. Потоа разговарајте за филмот или за јадењето… Ова однесување ќе ја одржи вашата врска во живот, а и нешто ќе научите за вашиот партнер.
5. Не го контролирајте постојано
Не се ни обидувајте да го контролирате партнерот бидејќи тоа на далечина сигурно нема да ви успее, а и постојано ќе бидете загрижени. Ако вашата врска се заснова на искреност, немате причина да се грижите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дарко Спејко во врска со кумашинката на Заев: Не е точно дека Љупка се разведе заради мене (Фото)
-
Ова е моментот кој го означува крајот на секоја врска…
-
Шест години е во љубовна врска со својот автомобил: Се вика Чејс и редовно имаме секс (Видео)
-
Зошто врските на секој хороскопски знак не успеваат? Бикот се запушта, Девиците ги кријат емоциите