| четврток, 6 декември 2018 |

Бојадисување градинки во Македонија и означување на планинарските патеки на Водно

Detska_gradinka_

Младинскиот Совет при Американската амбасада во Македонија и SWT Алумни Македонија ќе ги бојадисуваат оградите и ѕидовите на неколку градинки во Македонија и ќе означат дел од планинарските патеки на Водно.

Организаторите поддржани од Американската амбасада во Македонија, ќе ја организираат втората волонтерска акција која е дел од проектот You Ape Hot Alone (YAHA). На 13-ти септември ќе се бојадисуваат оградите и ѕидовите на неколку градинки во Македонија, а на 14-ти септември ќе се означат дел од планинарските патеки на Водно.

Vodno10

– Целта на акцијата е да се одбележи 9/11 Денот на сеќавање и служба со кој ќе се поттикнат луѓето, но и компаниите да бидат општествено одговорни преку грижата кон заедницата и животната средина. За да можат овие проекти да бидат реализирани потребно е сите вие да вложите во некој од овие два проекти, а за возврат секој вложувач ќе добие соодветна награда, се наведува во соопштението на организаторите.

Вложувањето може да се направи на следните линкови:
За градинките: https://letsfundit.mk/Home/ProjectDetails/1148
За Водно: https://letsfundit.mk/Home/ProjectDetails/1150 .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top