
фото: ЕПА
Украина соопшти дека руските војници, кои биле заробени на нејзина територија извршувале специјална мисија, со што го демантираше тврдењето на руското Министерство за надворешни работи дека по грешка се нашле во Украина.
– Не беше грешка, туку извршувале специјална мисија, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андриј Лисенко.
Како одговор на прашањето за размена на Русите, Лисенко истакна дека руските војници се приведени, а не се воени заробеници.
Украинската Служба за безбедност ги објави видео снимите од сослушувањето на четворицата руски војници, во кои тие велат дека била испратени на границата со појаснување дека извршуваат воена вежба.
Лисенко изјави и дека во моментов сепаратистите го напаѓаат југоисточниот пограничен град Новоазовск, а украинските војски уништиле 12 оклопни транспортери.
Во изминатите 24 часа во борбените дејствија се убиени 12 украински војници, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина


