| четврток, 6 декември 2018 |

Морган Фримен: Сексот ме одржува млад!

77-годишниот актер Морган Фримен изјави дека сексот го одржува млад. Тој има два разводи зад себе и тврди дека здравото либидо е клучот да се чувствувате млади.

Ако можете редовно да имате секс, тоа ве држи млади. Се е до односот кон вас самите, нели? Значи, ако спротивниот пол ви кажува дека сте секси и ви го докажува тоа, никогаш нема да сте стар, категоричен е Фримен.

Според актерот, важно е да се однесуваш убаво со спротивниот пол и да им дозволиш на жените „да дојдат кај тебе“.

Мислам дека тајната е да не ги прогонуваш. Тие ќе дојдат кај вас и кога го сторат тоа, ќе речеш: „Ок, убавице“. Не се обидувајте да бидете забележан. Ако треба да се трудите премногу, тоа најверојатно е грешка“, смета Фримен.

Холивудскиот актер ужива успешна филмска кариера, со неколку номинации за Оскар, и тврди дека неговиот живот станал подобар со староста.

Кога бев во 50-те години, мислев дека сум на врвот на кариерата. 40-тите ми беа возбудливи, бидејќи мојата кариера одеше напред и се случуваа навистина одлични работи, па имав чувство дека одам кон најдобриот дел од животот, вели Морган.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top