| четврток, 6 декември 2018 |

ДУИ бара Анкетна комисија за расчистување на инцидентот во Собрание

artan-grubi

Артан Груби во име на пратеничката група на ДУИ побара формирање Анкетна комисија која веднаш ќе го расчисти овој случај и ќе одреди одговорност за тие што го иницираа инцидентот.

– Парламентарната група на ДУИ изразува длабоко жалење и го осудува денешниот срамотен инцидент инициран од страна на пратениците на ДПА Орхан Ибраими и Беким Фазлиу. Во отсуство на аргументи и на конкуретна понуда за албанските гласачи, како и од постојаната фрустрација од последователните порази на избори во Република Македонија, ДПА го заменува политичкото делување со тупаници, со навреди и со отстуство на човечност.  Затоа парламентарната група на ДУИ бара формирање на Анкетна комисија која веднаш ќе го расчисти овој случај и ќе одреди одговорност за тие што го иницираа, кои се гледаат јасно на снимките, рече Груби.

Според него, инцидентот го започнал пратеникот Орхан Ибраими и се упатил да се пресмета физички со пратеникот Реџаил Исмаили.

Потврди дека пратеникот Исмаили е повреден под окото и побарал лекарска помош и оти е во болницата.

Комисијата за финансирање и буџет ќе ја продолжи работата во 15 часот и доколку пратениците на ДПА не се таму, нивните амандмани ќе бидат само прочитани.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top