Една студија на научниците од Универзитетот во Аделаида, објавена во списанието Science открива дека амбиенталните фактори и здравјето на родителите пред забременувањето имаат многу поголемо влијание на иднината на детото отколку што сте мислеше до сега.
– Постојат непобитни докази дека освен гените, јајце клетките и спрематозоидите пренесуваат генетска меморија што се однесува на лошите навики, како што е пушењето, алкохолизмот, погрешната исхрана па дури и доколку родителот веќе оддамна има прекинато со нив – изјавила лидерката на истражувањето, Сара Робертсон која ги проучува најавторитетните студии во оваа област.
– Здравјето на новороденчето започнува од родителот – истакнала таа, пренесува агенцијата Анса.
Последните 10 години научиниците го следеле начинот на кој клеточната меморија се пренесува на потомството преку епигенетика, односно способноста амбиенталните услови да го активираат, односно деактивираат изразот на генот без промена во ДНК и генетскиот код.
– Порано се сметало дека тоа не е важно, дека раѓањето претставува нов почеток. Вистина е, меѓутоа, детето не настанува од ништо. Тоа со себе го носи “наследениот” начин и стил на живот на родителот кој може да го обликува развојот на фетусот и новороденчето – заклучува австралијанката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.