
Сведок починал за време на судењето за случајот „Машинопромет“. Според информациите лицето починало во судница во скопскиот Кривичен суд во која обвинет е претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ. Сведокот се пожалил дека не му е добро, по што била повикана екипа на Брза Помош. Но Брзата помош не успеала да му го спаси животот.
Неофицијално се работи за Бојчевски цветко, на возраст од околу 45 години, кој работел како магационер во Машинопромет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


